Thursday, August 23, 2012
Државата ќе изгради спомен обележје на гробното место на Тоше Проески во Крушево, потврдуваат извори од Министерството за транспорт и врски.
Иако со ребалансот на буџетот беа скратени парите за оваа намена, Владата сепак одлучи да не отста
пи од намерата за уредување на гробното место на трагично загинатата македонска ѕвезда. Според информации од Министерството за транспорт и врски, со 1 милион денари се планира изградба на надгробна плоча во согласност со христијанските канони и уредување на гробното место како она на македонскиот револуционер Питу Гули, во мермер по избор на семејството.
Во октомври се навршуваат 5 години од смртта на Тоше а неговиот гроб сеуште нема надгробна плоча. Неодамна за хаосот во кој се наоѓа неговото вечно почиовалиште пишуваа и медиумите во регионот.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment